Бизнис
16. September 2019 - 20:58

Стопанственици: Покрај намалување на ДДВ за увоз на возила, треба да биде укината и акцизата

Намалувањето на ДДВто за увоз на моторни возила ќе ги даде посакуваните ефекти само ако мерката важи 5 години, а паралелно се укине и акцизата која сега се плаќа при увоз на автомобили. Дел од стопанствениците излегоа со предлог откако Владата најави дека е можно  ДДВ то за увоз на моторни возила  да падне  од 18 на под 5 отсто за период од 6 до 12 месеци како едно од решенијата  за намалување на загадувањето и обновување на возниот парк. Велат идејата е добра, но не е добро осмислена.

Рафајловски вели дека е добро што се разгледуваат вакви мерки, но за почист воздух најважно е да се подобри градскиот превоз-државата да инвестира во нови автобуси и во проширување на мрежата.

Со првичната верзија во измените на Законот за возила се предвидуваше субвенција до 3.000 евра за купување на ново или половно возоли со најмалку ЕУРО 5 стандард и да не е поскапо од 12 илјади евра. А старата кола да се расходи и одјави во МВР. Сепак владата најави дека покрај ова се разгледува и варијанатата за намалување на ДДВ то за увоз на моторни возила—мерка која за сопствениците на плацеви за продажба на половни автомобили  е подобра од државното субвенционирање.