Бизнис
20. October 2019 - 16:42

Стопанската комора и екс амбасадорите бараат одржување на европскиот курс на државата

И покрај  недобивањето датум за почеток на преговорите сите мроа да продолжиме да работиме  и да се однесуваме европски  вели првиот човек на најголемата комора во земјава Азески.

Според него негативната одлука не треба да причина за изговори и откажување.

Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европкиот пат.  Ги  повика  политичарите во земјава  да ги искористат сите експертски и професионлани потенцијали и да работат секојдневно за приближување кон европските вредности. Ги понуди  своите капацитети во преговарачкиот процес како што тоа го направиле коморите во Словенија, Хрвастак Бугарија

-Во тие земји, претставниците од коморите биле активно вклучени во целиот тек на преговарачките процеси, па дури и биле главни преговарачи за определени поглавја Затоа, и јавно декларираме дека сме подготвени да ги ставиме сите свои капацитети (стручната служба на Комората и база на повеќе од 950 менаџери, стопанственици и експерти од различни области, вклучени во органите и телата на Комората) на располагање во тој процес.Заеднички мораме да продолжиме да ги правиме сите потребни реформи не затоа што некој друг од надвор ни ги бара, туку затоа што се неопходни, вели Азески.

За недобивањето датум, незадоволство и протест изразија  од дипломатскиот клуб. Поранешните амбасадори сметаат  дека со ваквата одлука на ЕУ е нанесена неправда на македонските граѓани и може да предизвика  дестабилизација и во земјата и во  регионот.

-Исклучително позитивните оценки за тие наши напори на огромното мнозинство на членките на Европскиот совет, а особено заедничкото писмо на европската четворка Лајен, Туск, Јункер и Сасоли, е потврда дека блокадата од една земја членка е сам по себе политички и дипломатски парадокс и нејзина изолација од страна на мнозинството во тој Совет. Без сомненение, така донесената одлука на Европскиот совет може да има и серија дестабилизирачки последици по развојот, безбедноста и мирот во Македонија и регионот, се вели во допсот од дипломатскиот клуб.

Претходно и домашните експертите посочија дека Европското  не ќе удри врз бизнисот, затоа што сега фокусот ќе биде ставен на политиката наместо на економијата.

Стравуваат дека нови избори ќе ги закочат инвестициите, проектираната стапка на раст може да не се оствари, а тоа ќе влијае на стандардот на граѓаните.