Македонија
23. October 2019 - 14:15

Столтенберг: Не е мое да ја коментирам одлуката на ЕУ, но вратата на НАТО е отворена

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека не е негово да коментира за одлуката на ЕУ да не и даде датум за преговори на Северна Македонија, но она што може да го каже е дека вратата на НАТО е отворена и Алијансата и посакува добредојде на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна земја членка.

Тој вели дека мнозинството земји членки го потпишале протоколот за пристапување, а тоа вчера го сторија и САД.

Столтенберг вели дека со пристапувањето во Алијансата, Северна Македонија ќе придонесе за стабилноста на регионот, а тоа ќе се одрази и на економскиот просперитет.