Македонија
31. January 2020 - 14:03

Стојаноска: Полесно е да се дојде до лиценца за одгледување канабис отколку лиценца за такси возило

Во Република Македонија полесно е да се дојде до лиценца за одгледување на канабис отколку лиценца за такси возило.

СДСМ на дневна основа дели лиценци на луѓе кои што се блиски до нивната партија, функционери или фирми кои донирале за партијата.

Денес, во Собранието требаше да се одржи Комисијата за здравство на која што требаше да се разгледува Предлог законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и беше најавено присуство на министерот Венко Филипче, но по незнам кој пат Филипче избега од дебатата со оглед на скандалите што се обелоденуваат секој ден за делењето на лиценци за одгледување на канабис и истата повторно се одложи.

Веќе е кристално јасно дека ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев ги интересира здравјето на граѓаните туку единствено ги интересираат бизнис зделките со фирми донатори во СДСМ и со функционери и членови на партијата.

Досега во јавноста беа обелоденети повеќе случаи за незаконско делење на лиценци за одгледување на канабис на луѓе и фирми блиски до СДСМ.

Ако од мај 2016-та до мај 2018-та биле издадени само пет лиценци за одгледување канабис и две за екстракција, во 2019-та Владата издала 31 лиценца, а околу 20-тина фирми се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Исто така за само два дена во месец декември, на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана.

Лиценци добија донаторска фирма во СДСМ од Куманово, фирма на син на поранешен пратеник од СДСМ, фирми на фамилијата Заеви, лиценца доби и момчето на ќерката на Зоран Заев, а како последен случај кој што одекна во јавноста е добиената лиценца за канабис која што ја доби синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев.

За ова одговорност мора да има. Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, а министерот Венко Филипче константно бега од соочување на Комисијата за здравство.

Апелираме до Венко Филипче и до СДСМ, конечно да ја закажат комисијата и да одговорат на сите овие скандали за злоупотребата и незаконското делење на лиценци за канабис бидејќи целата македонска јавност веќе знае дека законот што го предлагаат е исклучиво за партиски бизнис интереси на СДСМ.