Стојаноска: Мнозинството да размисли за поддршка на амандманот за викенди без ДДВ
Продложува расправата по амандманите на Комисијата за финансирање и буџет, а СДСМ и понатаму ги одбива предлозите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои се на барање на граѓаните.
Во текот на изминатите денови се закануваат дека ќе го поништат изгласаниот амандман со кој на вработените во јавната администрација е предвидено да им се зголемат платите за 15 проценти. Амандманот поднесен на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија треба да се потврди и од Законодавно правната комисија. Се надеваме дека ќе преовлада разумот кај колегите и ќе сфатат дека покачувањето на плата во услови кога инфлацијата кај храната е 30 проценти е неопходност, а не расипништво.
Денес пратениците ќе го разгледуваат амандманот кој се однесува на Викенди без ДДВ. Ова е еден од 10-те предлози кои ги усвои Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и кои е неопходно да бидат вклучени во Буџетот за 2023-та година. Со предлогот на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата се предвидува секој викенд додека во Македонија има прогласено кризна состојба во енергетскиот сектор, а тоа е до 30-ти април 2023-та година, да има викенд без ДДВ за прехранбени производи. На овој начин граѓаните ќе можат да купуваат основни прехранбени производи, а потоа парите за платениот ДДВ да ги добијат назад на своите трансакциски сметки. Огромни се даночните приходи на државата поради инфлацијата, храната е во просек поскапена за 30%, а кај некои производи поскапувањето надминува дури и 100%. Како пратеници најмалку што можеме да сториме е да ја воведеме оваа времена мерка додека не се нормализираат цените на прехранбените производи. Граѓаните најчесто купуваат леб, зејтин, шеќер, сувомеснати и млечни производи, а не китови, ајкули и делфини како што мислат во Влада.
За крај, апелираме колегите од мнозинството сериозно да размислат за предложениот амандман за којшто ќе расправаме денес. За државниот буџет овие средства се незначителни, а за граѓаните и тоа како битни. Нека намалат владините функционери со испумпување на државните пари кон свои трансакциски сметки и ќе има пари за граѓаните.
Дафина Стојаноска, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024