Loading Video...
Ракомет
8. November 2019 - 13:58

Стоилов против Киелце очекува голема борба, по која некој (Карачиќ) ќе плаче

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони, Вардар и Еурофарм Работник утре ќе ги играат натпреварите од 7.коло
 
Во дербито од Б групата, европскиот првак Вардар го пречекува Киелце во СЦ „Јане Сандански“. 
 
Вардарци се соочуваат со проблеми околу повредите, па по последниот тренинг денеска ќе биде познато и кои ракометари утре ќе ги има на располагање тренерот Кокшаров. 
 
Но, и полскиот тим е во слична ситуација, па затоа капитенот на црвено-црните Стојанче Стоилов смета дека и утрешниот меч ќе биде налик на претходните, а кој на крајот ќе се радува, односно кој ќе плаче Стоилов вели - „Не чека еден тежок натпревар со Киелце, секогаш незгоден противник за нас. Сме играле интересни натпревари. Голем ривал ни е Киелце, сите сакаме да победиме. Сакаме поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Не знаеме на што сме моментално, поради повредените играчи. Наше е да дадеме се од себе. И Киелце има доста проблеми како со нас, лимитирани се со играчи. Се работи за борбена екипа, слична на нас и мислам дека и овој натпревар ќе биде таков. На крај некој ќе плаче. Против нас ќе го имаме Карачиќ, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе победиме и ќе славиме на крај“.
 
Во пресрет на оваа рунда Вардар со 8 бодови или 3 помалку од лидерот Кил, е на 2,место на табелата, пред Килце и Монпелје кои имаат по 7, односно Веспрем и Порто со 6. 
 
Утрешниот меч меѓу Вардар и Киелце ќе се игра во терминот од до 17 часот и 30 минути, додека два часа подоцна (19:30) Еурофарм Работник на гости во Португалија ќе го игра мечот против Спортинг.