Loading Video...
Ракомет
13. February 2020 - 15:11

Стоилов: Можеби ова е еден од последните наши натпревари

Актуелниот македонски и европски првак Вардар го очекува меч против Мотор Запорожје во рамките од Лигата на шампионите. 
 
Иако дуелот со Мотор Запорожје е можеби клучен за влез во следната фаза од Лигата на шампионите, а тимот се соочува со големи проблеми како финансиски така и со играчки кадар, особено по заминувањето на Кристопанс и Атман, сепак од таборот на црвено-црните се надеваат дека со поддршка од трибините и голема самомотивација Мотор може да биде победен 
 
„Нè очекува еден тежок натпревар, знаете дека имаме проблеми со играчкиот кадар, но играме на домашен терен, максимално сме фокусирани. Играчите се свесни за ситуацијата и мислам дека ќе го дадат максимумот. Ја користам оваа можност да ги повикам навивачите да дојдат да нè бодрат и заедно да се издрадуваме на победа со која и дефинитивно ќе се пласираме во осминафиналето“, истакна Алушовски.
 
И капитенот Стоилов ја потврди тешката ситуација во која се наоѓаат ракометарите, но истовремено верува дека може да се најдат сили за нова победа и радост. 
 
„Треба да излеземе на терен. Ова не е ново со проблемите, веќе долго време се влече...Тешко е. Се надевам пред полна сала и мотивирани, ќе одиграме добар меч. Не знаеме што ќе се случи и во иднина, може ова ќе биде еден од последните натпревари, не знае никој да каже. Наше е да се помачиме и да го одиграме најдоброто против Мотор“, потенцира Стоилов.
 
Вардар против Мотор Запорожје во сабота го игра последниот натпревар на домашен терен во групната фаза на Лигата на шампионите оваа сезона, а почетокот на мечот е од 17 часот и 30 минути.