Loading Video...
Ракомет
15. February 2019 - 15:25

Стоилов: Ќе биде тешко против Вестпрем, но сакаме да ја израдуваме нашата публика

 
Македонскиот ракометен првак Вардар утре против Вестпрем ќе го одигра натпреварот од 12.коло во Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Вардар и Вестпрем е прогласен за дерби на колото.
 
Двата тима во овој меч влегуваат по победи над Рајн Некар и Барселона, па самодовербата во двата табора е на повисоко ниво.
 
Но. Капитенот на црвено-црните Стоилов смета дека победата над германскиот тим не треба да ги залаже неговите соиграчи дека дуелот со унгарскиот шампион ќе биде лесен напротив ... „ Победата над Рајн Некар Левен ни ја олесни задачата во борбата за пласман во групата, но тоа не треба да не опушти. Не чека меч против тим кој е во одлична форма. Ние сме максимално спремни, но сакаме пред нашата публика да ги израдуваме сите“, изјави капитенот Стоилов.
 
Вуко Борозан и Рожерио Мораеш тренираат со полна пареа со целиот тим, но останува да се види колку тренерот Роберто Гарсија Парондо ќе ги користи овие двајца ракометари во текот на натпреварот. 
 
Вардарци се второпласирани на табелата со 15 бодови еден повеќе од Вестпрем и Киелце, а три помалку од лидерот во групата Барселона. 
 
Во првиот меч подигран кон крајот на септември, Вардар како гостин забележа победа со 27:25, а утрешниот меч меѓу Вардар и Ветпрем ќе започне од  17 часот и 30 часот.