Македонија
18. August 2022 - 14:18

Стоилковски: СДСМ ја уништува секоја традиција во Македонија дури и Охридскиот маратон

СДСМ повторно го докажува стремежот да ја уништи секоја традиција поврзана со Македонија, било тоа да е и спортска манифестација како Охридскиот маратон, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.   

-Поданички плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или манифестација, бесрамно се откажаа и од оваа меѓународна спортска манифестација, потенцираше Стоилковски.  

Тoј истакна дека ВМРО- ДПМНЕ е партија од народот и за народот, партија од Македонија и за Македонија, и нема да дозволи уништување на се што е македонско.  

-Градоначалникот Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид уште еднаш покажува како се работи и како се сака и почитува државата и традицијата во насока на градење на позицијата на една држава каква што заслужува да биде Македонија, нагласи Стоилковски. 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ