Македонија
25. January 2022 - 12:43

Стоилковски: Дали во случајот нарко лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски?

Полицијата на Оливер Спасовски спроведува акција за борба против за дрогата, открива и влетува во лабораторија, сето тоа видео го документира и видеото се пушта во медиумите како успех, за веднаш потоа да се изгуби трага од случајот во Визбегово.

Видеото зад мене е полициската снимка објавена во медиумите.

Односно, да се сокрие понатамошниот процес за трите лица фатени во акција, фактички е она денес и вчера го поставуваме како прашање до власта.

Причината за криењето лежи во презимето на главниот во фатената група – Попов, кој што според информациите е братот на шефот на кабинетот на Ковачевски, Мартин Попов!

Дали таа братска врска беше пресудна наместо активен, да има домашен притвор за групата, иако постоело опасност од бегство и повторување на делото според ЈО?

Дали братската врска била пресудна за одолговлекување на домашниот притвор за да се скрати времето минато во затворска ќелија, можеби, за братот на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски?

И конечно, дали братската врска била пресудна за медиумско забошотување на случајот нарко-лабораторија во Визбегово.

Почитувани,

Несвојствено за дела според КЗ, член 2015 – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, беше определен домашен притвор, а по година и пол нема информација за судска разрешница за трите лица меѓу кои и за И.П. – брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски.

Почитувани,

Наместо да се сокрива зад паушални и празни соопштенија, СДСМ, владата, но и судските власти мора да одговорат, бидејќи станува збор за прашање од јавен интерес – дали во случајот Лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски, дали случајот сѐ уште тапка во место и доколку има судска разрешница, документирано да  ја докажат таа судска разрешница?

Сѐ поинаку не може да се гледа поинаку од доказ за партиско и владино влијание врз судот!

Прашање: Транпаренси има нов Извештај за 2021 година, став на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор: И во 2021 година според Транспаренси, Македонија е во групата од 87 до 95 место – според сумарната оценка на овој Извештај, нема никакво отскокнување за рејтингот на Македонија. Останува во групата најкорумпирани држави во Европа. Македонија се наоѓа во истата група но две места под Косово, а пред Македонија се и Етиопија, Гвајана  и Мароко, со ист број поени со Суринам и со Танзанија. Очигледно борбата со корупцијата не постои во Македонија, тоа го докажува и Извештајот на Транспаренси.

Прашање: Владејачкото мнозинство бара техничката влада прво да се укине со политичкиот договор меѓу лидерите, како што бил договорен во 2015-тата година. Дали е тоа прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: Лани во август на лидерска средба, во формат на лидерска средба СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ во клубот на пратениците беше направен договор и прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, прифатен од страна на СДСМ Пржинската Влада да биде укината. Дали и зошто има промена на тој став од СДСМ редно е да одговорат од таму. 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ