Македонија
2. December 2022 - 12:24

Стоилковски: Арсовска и Ковачевски да најдат решение за превозниците

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска ги повика премиерот Димитар Ковачевски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да се договорат иведнаш да најдат решение за приватните превозници се со цел хаосот во градот да прекине.

Тој обвини дека хаосот во градот е резултат на коалицијата на градоначалничката со СДСМ, и ги повика Арсовска и Ковачевски, како што рече, како што се договориле за тендерите, така да се договорат и веднаш да најдат решение за превозниците.

-Одговорни за хаосот во градот се неспособноста и тендер интересите на тајната коалиција Арсовски и Ковачевски која што вчера беше признаена во изјава на Ковачевски и тајните средби кои што ги имал со Арсовска. Производ на тајните средби е хаосот во градот а интересот се тендерите. Ги повикуваме Арсовска и Ковачевски да најдат решение со превозниците и да го заштитат јавниот интерес, а тоа е скопјани да имаат јавен превоз, рече Стоилковски.