Тенис
30. May 2017 - 17:15

Стоилковска се пласира во второто коло на фјучрс во Анталија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилоковска успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Анталија откако во првото коло денеска ја победи Турчинката Чемре Анли со 2-0 во сетови за 1 час и 35 минути игра.

Во првиот сет беше 6:4 за Стоилковска, а во вториот нашата тенисерка успеа да се врати од негатива од 5:1 во гемови и го доби сетот со 7:5 откако направи серија од шест гема по ред.