Свет
22. јуни 2018 - 9:38

Стои на шините и се заканува со бомба: Евакуирана станица во Лондон, сообраќајот во прекин

Во Лондон денеска е евакуирана железничката станица источно од Трафалгар поради маж кој стои на шините и тврди дека има бомба.

Ројтерс пренесува дека е евакуирана лондонската станица „Черинг крос“.

-Станицата е евакуирана поради безбедносни мерки и сообраќајот моментално е запрен“, објави на Твитер британската соообраќајна полиција.

Деталите за инцидентот не се познати.