Спорт плус
11. February 2017 - 16:16

Ст.Мориц прекриен со магла, спустот откажан

Заради магла на средишниот дел на патеката откажан е машкиот спуст што во сабота требаше да се одржи во рамки на Светското првенство за скијачи во швајцарското место Сент Мориц.
Спустот требаше да започне во 12 часот и неколку пати беше одложуван стартот во надеж дека временските услови ќе се подобрат, но на крајот организаторите мораа да ја откажат трката.
 
Засега не е познато кога ќе биде одржан машкиот спуст, но една од можностите е тоа да биде во среда, на 15 февруари, кога на Светското првенство е слободен ден.
 
Во недела во Сент Мориц би требало да се вози женскиот спуст.