Македонија
25. November 2019 - 15:04

Стипендии за шестмесечен студиски престој во Австрија

Пред студентите на економскиот факултет на Универзитетот во Тетово беше промовирана можноста за добивање стипендија за шестмесечен студиски престој во Штаермаркише Шпаркасе банкарската групација во Австрија. Можноста за аплицирање е отворена до 5 декември.

-Стипендијата подразбира шестмесечно следење настава во Грац, Австраија каде одбраните студенти ќе можат да следат одблиску како се работи Штаермаркише банката и секако да можат да направат пракса во самата банка. Банката преку стипендијата ќе ги покрие сите трошоци за престој, а испитите кои ќе се полагаат во Грац ќе се признаат и на матичните универзтитети, изјави Флорин Идризи, регионален директор на Шпаркасе банка во Тетово.

По аплицирањето следува и процес на селекција.

-Се бираат стиденти од цела Југоисточна Европа добро е што од Република Македонија може да аплицираат студенти од сите Универзитети. По аплицирањето следуваат тестирање и интервјуа со што ќе се изберат студентите за престој во седиштето на банката во Грац, рече Идризи.

Можност за аплицирање имаат студенти и на додипломски и на постдипломски студии.