Бизнис
8. December 2017 - 16:38

Стигнаа првите забелешки за предлог Закон за енергетика

Стигнаа првите забелешки за предлог закон за енергетика. Дел од експертите со критика во делот на гасификацијата. Велат во законот не се точно утврдени границите каде зваршува преносот, а од каде почнува дистрибуцијата на гас до домаќинствата и компаниите. Со тоа велат експертите големите потошувачи на гас добиваат една привилегија да се третираат како приклучени на преносниот систем и на тој начин да го избегнат плаќањето на такси, давачки или патарини за корисење на дистрибутивната мрежа, со што се доведува во прашање економската оправданост на изградбата на ваквата мрежа.

.Мора да има дефинираност каде почнува дистрибуцијата на гас а каде завршува преносот. Тој што ќе ја гради мрежата мора да наплати за нејзино користење и од големите компании кои ќе бидат прилклучени затоа што домаќинствата се мали потрошувачи и ако ги нема средствата од големите  потрошачи тогаш тој ќе нема економска оправданост да гради дистрибуцина мрежа само за домаќинства, затоа мора да се дефинираат границите во мрежата. Без тоа големите капацитети се привилигирани во плаќањето,  рече  Костантин Димитров- МААЦЕФ

Главните забелешки од ЕЕЗ- Европската енергетска заедница поради кои се изготвува нов закон за енергетика беа недоволната застапеност на енергетската ефиканост, слабата искористеност на обновливите извори на енергија, за регулаторната комисија за енерегетика. Забелешки имаа и за тоа што државата е сопственик и на производителот и на операторот кој што врши пренос на  струја. Во новиот закон европската  заедница  посочи дека треба да биде воведен и третиот пакет од либерализација на електрична енергија.

Вчера министертвото за економија го објави предлог законот за енергетика  за кој од понеделник ќе се дебатира.