-->
-->
Стерјовски му го честиташе изборот на Колефски и го повика да работаат заедно за Пустец и за сите Македонци
-->
Пратеникот во албанскиот Парламент и генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на Пали Колефски, му го честиташе изборот за градоначалник на Општина Пустец на локалните избори одржани на 30 јуни 2019 година.
– Македонците во огромен број ви ја дадоа довербата во наредните четири години да ја раководите Општина Пустец. Ме импресионира вашата изјава во медиумите, дека во Општина Пустец живеат Македонци и дека вие сте Македонец. Тоа е непобитен историски факт: во областа Преспа живеат Македонци кои се признати од страна на Република Албанија и се нејзини лојални граѓани, стои во честитката.
Тој во честитката додава дека ја има неговата поддршка како пратеник, но и поддршката на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, за сите проекти за инфраструктурен развој на Општина Пустец, развој на македонската култура и традиции и унапредување на положбата и правата на Македоцните во Општина Пустец.
– Македонците во Општина Пустец заслужуваат пристоен и достоинствен живот. Областа на Преспа изобилува со природни убавини. Господ и природата ни дале се. За еден месец и половина, откога сум пратеник во Собранието на Република Албанија, од партијата МАЕИ ги бранам интересите на Македонците во Општина Пустец и во цела Албанија. Во Собранието на Република Албанија повеќепати зборував за проблемите со кои се соочуваат Македонците во Општина Пустец, наведува понатаму.
Понатаму во честитката тој посочува дека е неприфатливо во 21 век повеќето села да немаат вода за пиење и основни услови за живот.
– Истовремено, на повеќето средби што ги имам остварено со министрите и претставниците на разни институции, побарав поддршка за Општина Пустец. Општината треба да изготви што повеќе проекти, да можеме конкретно да лобираме тие да се одобрат. Потребна е ефикасна општина што ќе се посвети на изготвување на проекти за водовод, канализација и локални патишта. Верувам дека заедно со Вас ќе излобираме што повеќе проекти за развој на Општина Пустец од страна на албанските институции и странските донатори, нагласи Стерјовски.
На крајот на честитката Стејровски нагласува дека Колефски ја има неговата целосна поддршка за соработка по сите прашања, во решавањето на сите проблеми во Општина Пустец „за подобар живот, за правата на Македонците“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори

