Стејт департментот бара испорака на хуманитарна помош за Јемен
Американскиот заменик државен секретар Џон Саливен ги повика завојуваните страни во Јемен да овозможат нормализирање на доставувањето хуманитарна помош до земјата, која се соочува со глад и епидемии на заразни болести.
Саливан синоќа имаше средба со раководството на организацијата УСАИД и претставници на државни и невладини хуманитарни организации од Јемен, со кои дискутираше за ембаргото кое е на сила врз оваа земја.
Саудиска Арабија, која ја поддржува сунитската страна и Владата на Јемен, воведе трговско ембарго како дел од своите воени операции против шиитските бунитовници Хути, кои се помогнати од Иран.
Како резултат на ембаргото и на крвавата граѓанска војна, Јемен се соочува со глад.
Според соопштението на Стејт департментот, Саливен ги обвини Хутите за разгорување на конфликтот и за влошување на хуманитарната состојба во Јемен.
Тој повика да се отвори пристаништето Худадија во Црвеното Море, за пратки со храна и друга хуманитарна помош, како и да се инсталираат нови кранови за растовар на трговски бродови.
Ново на Сител
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата