Бизнис
24. July 2021 - 16:58

Стејт департмент: Корупцијата е главен проблем за водење на бизнис во Македонија

Закон има, но власта гони само нивни критичари и оние од низок калибар, ова се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот. Додаваат дека спроведувањето на актикорупцискиот закон на моменти е многу слабо.

Северна Македонија има закон чија цел е борба против поткуп , злоупотреба на службена должност, конфликт на интереси а владините функционери и нивните блиски роднини законски се обврзани да ги објават нивните приходи  и имот. Но спроведувањето на антикорупциските закони на моменти е слабо  при што селективно се таргетираат критичари на власта и престапници од низок калибар. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата обвинителството судството и многу други сектори, се вели во извештајот.

Иако има пофалби за  електронските системи на Царина и на Бирото за јавни набавки, сепак критиките до  власта  се дека не е донесена забрана за приватниот сектор  да нуди мито.

-Многу странски компании меѓу кои и оние од САД  се жалат на корупција во јавните набавки.Власта не бара од приватниот сектор да воведе внатрешни правила за забрана за поткуп на јавни функционери. Повеќе невладниот сектор се фокусира на борбата против корупцијата. А извештаите за непотизам во јавните набавки се  чести, се наведува во документот.

Од опозициската  ВМРО ДПМНЕ  обвинија дека извештајот на Стејт департментот ги нотира криминалот и корупцијата  која ги  прави власта.

Со пофални зборови е опишана работата на антикорупциската  комисија која е избрана пред две години. Се наведува дека ДКСК  успеала да отвори повеќе истраги за високопозиционирани функционери од целата политичка сцена,  за непотизам и конфликт на интереси.

Се наведува и дека привлекувањето на странските инвестиции е еден од главните столбови на Владата,  за раст на економијата и отворање нови работни места. И  покрај пандемијата се спроведуваат политики за подобрување на инвестициската клима во земјава. Се одржувата контакти со крупни странки компании. Фирмите кои работат во зоните генерално  се задоволни, а дискриминаторск однос кон инвеститорите нема.