-->
-->
Стечајот можно решение за Еурокомпозит
-->
Стечајот може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, наместо долгиот процес за приватизација, истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој лично, како што рече, е оптимист дека Еурокомпозит за краток период ќе продолжи со работа.
- Еурокомпозит е долги години блокиран, но му помогнавме да продолжи со работа што не е, ниту смее да биде трајно решение. Компанијата треба да се приватизира, но во транспарентна постапка, а за тоа има два начина, или објавување тендер или наоѓање инвеститор за целосна реорганизација како што беше со ФЕНИ, напомена Анѓушев.
Стечајот, подвлече вицепремиерот, покажува резултат само ако имате чесни намери и капацитет да го спроведете.
- Ако најдеме разбирање со инвеститори што се заинтересирани, а со такви неколку веќе разговаравме, за да не го чекаме долгиот период за приватизација, можеме да го примениме и вториот законски модел за санирање на состојбата, рече Анѓушев.
Со одлуката на Владата од вчерашната седница, прилепски Еурокомпозит АД Прилеп треба да побара позајмица од 11 милиони денари (шест милиони денари од АД ЕЛЕМ и пет милиони денари од АД МЕПСО). Со тие пари на вработените ќе им бидат исплатени по две плати, наместо по една како што беше најавено по прекинот на нивниот штрајк минатата недела.
На вработените во „Еурокомпозит“, чии загуби се проценуваат на пет милиони евра, не им се исплатени 18 плати и придонеси за изминатите шест години
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка