Македонија
3. December 2021 - 16:39

Ставрески ќе им помага и ќе ги советува општините за ветените проекти на локалните избори

Ова не е враќање во политиката. И Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски во изјава за Сител велат дека ќе бидат дел од платформата на ВМРО ДПМНЕ чија цел ќе биде реализација на ветувањата од кампањата за локалните избори. Овој потег не значи дека тие се враќаат во политичкиот живот.

„Ефектот треба да бид епоефикасна реализација на ветените проекти за подобрување на животот на граѓаните. Не планирам враќање во високата политика, се враќам во струката и сакам да помогнам со своето знаење, експертиза во финансиската сфера и искуство“, вели Ставрески.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека ангажманот на Ставерски и Шамбевски ќе биде експертски во рамки на телото кое треба да помогне за реализација на над 14.000 проекти кои се ветени со програмата за локалните избори.

Зоран Ставрески беше министер за финансии во Владата на ВМРО ДПМНЕ во период од 2009 до 2016 година. Оливер Шамбевски е поранешен портпарол на партијата и амбасадор во Италија и Кина.