-->
-->
Ставени во функција телефони за пријавување загадувачи на амбиенталниот воздух во Делчево
-->
Граѓаните на Делчево кои ќе забележат зголемено загадување на амбиенталниот воздух, од денеска ќе можат да пријавуваат на посебно назначени телефоните за таа намена.
Како што информираа од Општината, телефонските броеви се објавени на општинската веб-страна и се достапни во секое време.
-Согласно со препораките на Владата, воспоставени се и дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај правните и кај физичките лица. Вонредниот инспекциски надзор ќе го вршат инспекциски тимови составени од претставници од Општинскиот инспекторат при Општина Делчево и од Полициската станица во Делчево, а инспекциите ќе се вршат во текот на 24 часа на територијата на градот и населените места. Граѓаните кои ќе забележат зголемено загадување на амбиенталниот воздух, ќе можат да пријавуваат на телефоните: 033 411 445, 410 988 и 413 662, информираа од Општината.
Претставници од Општинскиот инспекторат, веќе извршија контрола на правните лица што имаат инсталација на систем за парно греење на дрва, при што како што додаваат надлежните, се информирани за строгата забрана за користење недозволено огревно средство, како остатоци од текстил, стиропор и сл.
-Општина Делчево уште еднаш апелира до граѓаните, правните и физичките лица, да не користат за затоплување на индивидуалните или на деловните објекти недозволен огревен материјал како гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков вид отпад, со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух, дополнија од Општината.
Со цел превентивно делување и спречување пожари во Делчевско, се забранува и палење сува трева, стрништа и растителен отпад. Согласно со законските одредби како што информираа надлежните предвидени се казни за сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација