Ракомет
6. January 2016 - 13:23

Стартува вторит дел од женската ракометна Лига на шампиони

Со натпреварот меѓу француската екипа Флеури Лориен и германскиот Турингер денеска започнува втората (главна) фаза по групи во Лигата на шампиони за ракометарки.
 
Ова е натпревар од групата „1’’ во која во 1.коло во недела ќе играат Ростов Дон – Ференцварош и Ларвик – Баја Маре.
 
Македонскиот шампион ЖРК Вардар е во групата „2’’ во која за прв противник ќе го има составот на ЦСМ Букурешт. Натпреварот ќе се игра во сабота во СЦ Јане Сандански со почеток од 17 часот и 30 минути.
 
Во преостанатите два натпревари од оваа група се среќаваат, Ѓер – Будуќност (сабота) и Митјиланд – Савенхоф (недела).
 
Табела - група 1: Ростов Дон 8 бодови, Ференцварош 7, Ларвик 4, Флеури Лориен 2, Турингер 1 и Баја Маре 0.
 
Табела - група 2: Будуќност 7 бода, ЦСМ Букурешт 5, Ѓер 5, ЖРК Вардар 4, Митјиланд 3 и Савехоф 0