Живот
8. September 2021 - 12:29

Стартува меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Народниот театар од Битола вечерва го означува почетокот на 29 издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. За време на шесте фестивалски денови театарската публика во Струмица ќе има можност да види 10 претстави од домашна и странска продукција и околу 25 актерски креации кои влегуваат во трката за единствената фестивалска награда за високо актерско остварување што го носи името на Ристо Шишков. 

За разлика од лани, кога поради пандемијата  фестивалот се одржа на отворено, годинава претставите повторно се враќаат на театарската сцена но согласно моменталните протоколи. Ниту публиката, ниту актерите нема да може да бидат дел од фестивалот доколку не се вакцинирати или не поседуваат документ за прележан Ковид. 

За најдобриот актер ќе одлучува тричлена жири комисија на чело со минатогодишниот лауреат Александра Пешеска. Традиционално како изминатите 28 години најдобриот актер ќе добие златен медалјон со ликот на Шишков и паричен износ во висина од 1.500 евра.