Loading Video...
Кошарка
6. April 2021 - 17:20

Стартува четвртфиналето во Лигата на шампионите

 
 
Вечерва започнува разврската на осумте екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 
 
Во Мадрид на на стадионот „Алфредо ди Стефано“ Реал ќе го пречека англискиот Ливерпул во меч кој е реприза на финалето пред три сезони. 
 
Тренерите на двата тима се судруваат со големи проблеми пред се на повредени играчи, а најновата вест е дека одбранбениот играч на Реал, Варан добил позитивен тест на Ковид-19, па и тој како и Рамос кој е повреден многу ќе недостасува во одбраната на „кралевите“. 
 
Интересно се очекува да биде и на втората средба која ќе се игра во Манчестер, а каде популарните „Граѓани“ ќе ја пречекаат традиционално непријатната екипа на Борусија Дортмунд. 
 
Двата вечерашни натпревари ќе започнат од 21 часот, стандарден термин во кој за утревечер се закажани и првите средби меѓу Порто и Челзи дуел што ќе се игра во Севилја, односно средбата во Минхен каде актуелниот европски првак Баерн го пречекува ПСЖ.