-->
-->
Стартна победа за македонските млади кошаркари
-->

Македонската кошаркарска репрезентација (играчи до 14 години) со победа го отвори турнирот „Словенија Бол“, откако денес ја победи првата од двете домашни селекции пријавени за настап.
„Црвено-жолтите“ одиграа одличен натпревар во кој уште од почетокот наметнаа свој ритам на игра, доминираа со агресивноста по целиот терен и на крајот славеа со убедливи 79:56 (30:18; 15:14; 22:13;12:11).
Андреј Митревски со 13 и Дино Боцевски со 12 поени беа најефикасните кај Македонија.
Во вечерниот термин (20:15 часот) младите македонски репрезентативци ќе си ги одмерат силите со селекцијата на Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
-

Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
