Македонија
26. September 2016 - 11:48

Станарите не смеат да излезат од домовите - врие полиција во зградата во Куманово

Станарите се уште не можат да излезат од зградата каде се утрово беше пронајден мртов маж со прострелна рана во главата. Во зградата на улицита Октомвриска револуција во Куманово, каде живее и градоначалникот на Куманово, сеуште врие од полцииски екипи кои вршат увид и не пуштаат никој да влезе и излезе од влезот, пренесе Куманово Њуз.

Меѓу станарите во својот дом од каде не може да излезе е и самиот градоначалник.

Неофицијално застреланиот маж е на 60-годишна возраст. Тој е пронајден во ходникот помеѓу првиот и вториот кат, а до него било пронајдено и оружјето од кое било пукано.