Средношколците се оспособуваат да препознаат и реагираат во случај на родово базирано и насилство врз жените и децата
Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ од Тетово со завршен настан го означи крајот на повеќемесечниот проект „Родово базирано и насилство врз жените и децата“. Учениците и професорите учествуваа во вкупно осум работилници од кои произлегоа три тематски видеа.
– Целта е учениците да пратат силна и јасна порака за да се надминат предрасудите кои влијаат врз појавата на насилството, посебно родово насилство. Целта е да се достигне до посеопфатна публика и да се пријават вакви немили појави, истакна психологот во училиштето Весна Стефчевска.
Во работата на осумте работилници вклучени биле и претставници на државни институции кои работат во истата област.
– Превенцијата е основа за било кој проблем. Работилниците се со цел младите да разберат каде да се обратат за помош да не се срамат од насилствата кои ги трпат. Секогаш кога има во семејството насилство детето претпрува психичко насилство и пореметување во својот организам, па често ги боли глава,имаат немир, а тоа е затоа што се сведоци на семејно насилство на родителите. Затоа и укакажвме дека во Центарот за социјални работи има стручни служби со психолог, педагог и социјален работник кои можат да помогнат и на детето и на жртвата во семејството, рече Оливера Цветковска, психолог во Центарот за социјални работи.
Училишниот психолог Весна Стефчевска потенцира дека неопходно е да е подига свеста за оваа проблематика.
– Се повеќе сме свесни, тоа е горчлива тема и не може да се третира само еден фактор, повеќе фактори се во прашање-семејство, општество, врсничко влијание, сајбернасилство, самата личност на младите. Единствено нешто што остава впечаток е потребата учениците што повеќе да зборуваат и да бидат сослушани. Се трудиме и многу работиме се преземаат такви мерки. Нови генерации во прва година ги информираме кога ќе се соочат со такво нешто да се обратат кај стручните служби, да пријават, рече Стефчевска.
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии