Македонија
22. May 2017 - 19:40

Средба Заев- Села во Тетово: Продолжуваат преговорите за нова влада

Еден час траеше средбата Заев – Села во партиското седиште на Алијансата за албанците во Тетово. Ниту лидерот на СДСМ ниту Зијаден Сила не открија пред медиумите за што се разговарало. По завршувањето на состанокот, Заев најави дека за темите на разговор со Села,  ќе информираат дополнително.

Во кусото соопштение испратено од СДСМ доцна попладнево, партијата пишува дека теми за разговор на средбата Заев – Села биле принципите на соработка на новата реформска Влада и првичните позиции околу ресорските решенија. Од СДСМ додаваат дека ќе продолжат и преговорите со партиите од парламентарното мнозинство околу составот на новата Влада.

И пред почетокот на средбата во Тетово, Заев рече дека наскоро ќе почнат разговори за поделба на ресорите и кој ќе раководи со Нив.

Инаку два часа пред состанокот со Заев, Претседателот на Алијансата за албанците одржа прес конференција, прва после настаните во Собранието од 27 април. Зијадин Села не откри дали ќе учествува во новата Влада. Вели оти партијата ќе биде гаранција за новото владеење за кое смета дека ќе биде праведно и во интерес на граѓаните без поделба по етничка или верска основа.

Инаку до сега, лидерот на СДСМ одржа средби со претседателите на Двиежењето БЕСА и Демократската унија за интеграција.