Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорката на Германија Алтхаузер
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Д. Алтхаузер и претставници од Германската развојна банка KfW.
Како што соопштија од Кабинетот на вицепремиерот, Анѓушев се заблагодарил за поддршката од германска страна за аспирациите на Република Македонија да стане дел од Европската Унија и за сите активности поврзани со поддршката на регионот на Западен Балкан.
- Владата има многу предизвици пред себе, но би сакала да посочам дека во Сојузна Република Германија ќе имате силен партнер и искрен поддржувач во реформските проецеси и развојот на Република Македонија, посочила амбасадорката Алтхаузер.
На средбата станало збор и за тековни и идни проекти кои се реализираат со поддршка од KfW – германската развојна банка.
- Владата ќе го поддржи секој развоен проект, кој ќе придонесе до економски развој и повисока благосостојба на граѓаниtе. Во таа насока се надеваме дека со во соработка со Германската развојна бана KfW ќе реализираме проекти кои ќе бидат од бенефит за граѓаните, потенцирал вицепремирот Анѓушев.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош