Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Клеменс Која
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на денешниот ден оствари повеќе средби при што се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта.
На средбите се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, проблемите со кои се соочува државата, но и за претстојните парламентарни избори во Република Македонија.
Мицкоски на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија ја истакна важноста на претстојните избори за иднината на државата, пред се потенцирајќи дека за македонската европска перспектива клучно е истите да поминат во фер и демократска атмосфера за граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја и незадоволство од политиките на власта.
На соговорниците Мицкоски како еден од клучните проблеми со кои се соочува државата им ги посочи криминалот и корупцијата и големиот број на случаи на висока корупција во највисоките ешалони на власта кои се уште немаат правна разрешница.
При средбата со финскиот амбасадор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочи одличните односи помеѓу двете држави, но притоа потенцираше дека соработката помеѓу Македонија и Финска може и натаму да се продлабочува, особено на полето на трговската размена и инвестициите. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи токму во насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете држави, додаде тој.
Соговорниците се согласија дека европската иднина на Македонија е од стратешки интерес за државата, а соработката на ВМРО-ДПМНЕ со европските партнери држави и организации е од клучно значење.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок