Македонија
17. October 2017 - 9:51

Средба на министрите Шапуриќ и Нурковиќ

Можностите за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Црна Гора беше тема на средбата на министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ со министерот за сообраќај и поморство на Црна Гора, Осман Нурковиќ.

Како што информира денеска од Кабинетот на министерот, Шапуриќ го информирал црногорскиот министер за мерките и активностите што ги презема Владата за подобрување на бизнис клима во државата како и за станување на полноправна членка на Европска унија и на НАТО. Двајцата министри се согласија дека евроатланските перспективи се единствена алтернатива за двете земји и дека тие придонесуваат за унапредување на соработката во областа на економијата, транспортот и сообраќајот, градежништвото, образованието и културата на земјите во регионот, како и за стабилноста на регионот.

Нурковиќ изразил задоволство за враќање на Македонија на патот на евроатланските интеграции и за одржувањето фер и демократски локални избори.

По средбата двајцата министри учествуваа на панелот посветен на иницијавата за олеснување на транспортот во регионот ““Free Cargo Region’’, кој се одржа во рамките на шестиот Самит 100 на бизнис лидерите во Југоисточна Европа, во Скопје.