Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Израел
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Државата Израел Дан Оријан.
Амбасадорот Оријан, како што соопшти МВР, ја потенцирал поддршката за Македонија од Државата Израел и изразил подготвеност за унапредување на соработката на полициите од двете земји, особено во областа на борбата против тероризмот и проблемот со мигрантите.
Министерот Спасовски изразил уверување дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, особено во спроведувањето на потребните обуки за зајакнување на капацитетите на МВР.
Потенцирал дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, затоа што изминатиот период покажал дека има сериозни проблеми со непрофесионалното работење и партизирање на полицијата. Како резултат на тоа, посочил, се случил скандалот со прислушувањето и настаните од 27 април, кои сериозно го нарушиле интегритетот на МВР.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот