Свет
12. February 2016 - 23:05

Средба меѓу патријархот Кирил и папата Франциско

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско се сретнаа вечерва во Хавана, што е прва средба на поглаварите на двете цркви од расколот во 1054 година.

- Се сретнуваме во вистинско време, рече патријархот Кирил.

Состанокот се одржува во просториите на Меѓународниот аеродром Хозе Марти, во кој се изложени знамиња на Ватикан и знаменитости на поглаварот на Руската православна црква (РПЦ).

Се очекува состанокот, што ќе се одржи зад затворени врати, да трае најмалку два часа.