Македонија
12. November 2019 - 16:44

Средба Макрон-Пендаровски - што договорија?

Нема алтернатива за македонското полноправно членство во ЕУ, со ова се согласиле Пендаровски и Макрон на состанокот во Париз. Новата методологија ке биде завршена најдоцна до март, по што за Македонија повторно ке се одлучува на самитот на ЕУ во мај, вакво уверување добил македонскиот претстедател од францускиот шеф на државата .

- Му реков дека ние никогаш не би се согласиле со алтернатива за полноправно членство, а тој ми одговори дека тоа никогаш и не била намера.

Париз  веке  има изготвено нон пејпер во кој се  исцртани контурите на новата  методологија. Документот е испратен до сите земјите членки и се чека на нивен одговор. Но,  дури и се да оди според планираното , нема  гаранции за тоа каква ке биде одлуката за старт на прегворите на самитот во Загреб.

-На 6 ти мај е закажан самитот тогаш се очекува одлуката , но не зборуваме за содржината на одлуката.

Сепак, за  српскиот претстедател Вучик,  по состанокот со Макрон , нема дилеми дека  евроспките лидери во следните пет месеци ке и дадат даум на Македонија за почеток на преговарачкиот процес.

– Тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите на 12 април во Скопје. Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил, изјави Вучиќ.

Претседателот Макрон на средбата со Пендаровски  најави  дека ке ја посети Македонија во првата половина на наредната година