Средба Коѕиас-Нуланд во Атина
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина ќе се сретне со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.
Освен кусата најава од Стејт департментот дека Нуланд во Атина ќе разговара за „низа билатерални и регионални прашања, вклучително и економските реформи, бегалската криза, како и енергетската диверзификација“, грчкото Министертсво за надворешни работи не соопшти што ќе бидат главни теми на денешната средба.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако во Грција деновиве не се шпекулира за што ќе разговараат Нуланд и Коѕиас, прашањето за името на Македонија веројатно ќе биде една од темите, со соглед на последните случувања за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Средбата на двајцата државници не ја коментираа ниту грчките весници, освен неколку портали кои најавија дека тоа ќе биде „интересен“ состанок.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми