Балкан
20. July 2017 - 8:55

Средба Коѕиас-Могерини во Атина

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која е во посета на Грција.

По средбата е закажана и прес-конференција, а потоа Коѕиас ќе организира и работен ручек во нејзина чест.

Могерини во Атина треба да се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со премиерот Алексис Ципрас и со министерот за одбрана Панос Каменос.