Средба Драгасакис - Чавушоглу: Проширување на економската соработка меѓу Грција и Турција
- Претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Атина, може да донесе проширување на економската соработка меѓу Грција и Турција. Тоа било тема на разговорите на вицепремиерите на двете држави, Јанис Драгасакис и Хакан Чавушоглу, информираат грчките медиуми.
Во разговорите Јанис Драгасакис нагласил дека грчката економија е во пораст, и ја истакнал потребата од понатамошен развој на грчките и турските врски.
Според него, главните сектори за таков развој се билатералната трговија и инвестициите.
Тој изрази задоволство од фактот што оваа година грчкиот извоз во Турција се зголемил.
Хакан Чавушоглу пристигна во Атина непосредно по неодамнешната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас на Анкара, каде што пред една недела тој имаше средби со политичкото и државно раководство на Турција.
Шефот на грчката дипломатија во Анкара упати покана до претседателот Реџеп Тајип Ердоган да ја посети Грција.
Според „Катимерини“, Ердоган се очекува во Атина помеѓу 20-ти и 10-ти декември.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел