Loading Video...
Кошарка
12. September 2019 - 16:44

Србите подобри од Американците - Чешка ја совлада Полска во разигрувањата за пласман

Репрезентацијата на Србија ја совлада селекцијата на САД во дуел кој требаше да биде финале на Светското кошаркарско првенство во Кина, но сепак беше натпревар од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место. 
 
Србите ја добија првата четвртина со неверојатни 32-7, но Американците се вратија во игра добивајќи го вториот период до 33-12, па на полувреме Србија водеше со 44-40. 
 
Иако Американците го добија и третиот период сепак немаа доволно сили на направат комплетен резултатски пресврт па на крајот загубија со 94-89. 
 
Така Србите ќе разигруваат за 5.место и тоа против Чешка која беше подобра од Полска со 94-84. Американците и Полјаците ќе играат за 7.место во конечниот пласман. 
 
Утре на програмата се полуфиналните дуели во кои ќе играат Аргентина – Франција и Шпанија – Австралија.