Србија ќе гради најголем ветропарк на територијата на Западен Балкан
Србија до крајот на следната година ќе изгради ветропарк, кој ќе биде најголемиот комерцијален проект од областа на обновливата енергија во земјата и на територијата на Западен Балкан, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ветропаркот ќе се гради во местото Чибук, во близина на Ковин во Банат, на површина од 37 квадратни километри, со сила од 158 мегавати и со 57 турбини кои ќе произведуваат до 457 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво.
На овој начин, 113.000 домаќинства ќе добијат електрична енергија од обновливи извори, со што ќе се намалат емисиите на јаглероден диоксид за повеќе од 370.000 тони годишно. Изградбата на ветропаркот Чибук 1 ќе придонесе за отворање на 400 работни места, како и изградба на 50 километри нови патишта.
Вучиќ присуствуваше на денешното потпишувањето на кредитна линија за изградба на ветропаркот меѓу компанијата Ветроелектрани Балкан ДОО Белград, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација