Спречена „дива” трка на автопатот Скопје – Тетово
Синоќа во периодот од 00.30 до 01.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влез на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки со возила, веднаш постапиле и затекнале 14 патнички возила со тетовски и странски регистарски таблици, кои биле привремено задржани во ПС за БПС Тетово, соопшти МВР.
– Во текот на денешниот ден возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои две биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од три месеци. Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност, велат од МВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово, воедно апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран