Loading Video...
Кошарка
2. July 2019 - 19:55

Спортската сала „Парк“ нов дом на македонската кошарка

Македонската кошарка ќе добие свој храм во кој ќе тренираат најмладите но и дел од кошаркарските селекции. Тоа ќе биде спортската сала „Парк“ како што соопшти на денешната прес конференција претседателот на КФСМ Перо Антиќ.
Според него федерацијата ќе помогне во оваа сала и во салата „Кале“ да се вратат екипите кои настапуваат а на кои им беше забрането од поранешното раководство да играат официјални натпревари бидејќи не ги исполнуваат соодветните услови.