-->
-->
Според руското МО предлозите на САД за координирање на акциите против ИД може да бидат прифатени
-->
Според руското Министерство за одбрана, предлозите на САД за координирање на дејствата против Исламска држава може да бидат прифатени. Тоа го најави денеска Игор Конашенков, портпарол на руското МО.
- Министерството за одбрана на Русија оперативно ги разгледа предлозите од Пентагон за координација на акциите во рамки на борбата против исламска држава на сириска територија. Сметаме дека тие предлози може да бидат прифатени за реализирање, изјави тој.
Конашенков вели дека сега треба да се прецизираат некои технички детали на експертско ниво.
Од 30 септември руските ВВС извршуваат удари врз цели на ИД во Сирија со над 50 авиони и хеликоптери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот