Балкан
2. October 2022 - 19:45

Според излезните анкети, ГЕРБ-СДС победува на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Според излезната анкета на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС добила 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат, јавува дописникот на МИА од Софија. Втори се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите.

На третото место е Движењето за права и слободи, тие добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти. Националистичките „Преродба“ (10,1%), „Демократска Бугарија“ (7,4%) и „Има таков народ“ (4,6%) и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ (4,0%).

Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).

Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.