-->
-->
Спејс-Икс доби нови 1,9 милијарди долари
-->
Компанијата Спејс-Икс, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори.
Според повеќе медиуми, ова е најголемата поединечна рунда прибрани финансиски средства за Спејс-Икс досега. Така, вредноста на капиталот на оваа приватна компанија што се бави со производство на ракети и вселенски летови, по оваа трансакција ќе изнесува 46 милијарди долари.
По успешното лансирање и спојувањето на модулот Кру драгон со Меѓународната вселенска станица (МВС), Маск најави дека следниов период најголемиот приоритет на неговата компанија ќе биде изградба и развој на големи превозни средства за пат до Месечината и Марс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море