Балкан
25. May 2018 - 20:47

Специјалци по улиците на Загреб - маж пукал со калашников кон градинка

Загребчани денеска беа мошне вознемирени откако маж пукаше со калашников од 4. спрат на зграда. Полицијата соопшти дека човекот кој пукал од балконот се предал и дека е спроведен во станица.

„Најпрво околу девет ипол часот слушнав некакви пукотници. Не беа тоа рафали туку поединечни пукања. После тоа се слушнаа три-четири одвоено рафали, по звукот би рекол дека беше калашников. Една сосетка вели дека полицијата имала триесетина дојави“, навел еден од сведоците за тамошните медиуми.