Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Родос, спасени 29 лица
Од рано утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Родос за пронаоѓање на бегалци и мигранти, а веќе се спасени 29 лица од околу 80 кои се пренесувале во чамецот што се нашол во тешка положба, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека утрово биле информирани дека чамец со странски државјани е во тешка положба, по што веднаш започнала акцијата во која учествуваат два чамци за спасување на крајбрежната служба, еден брод на воената морнарица, три брода што се во близина, како и хеликоптер Супер пума.
Досега, спасени се 29 лица, додека според она што тие го кажале, во чамецот имало околу 80 бегалци и мигранти. Спасувачката акција е на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување. Од првиот момент бил информиран министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, кој дал наредба веднаш да се мобилизираат сите средства за спасување на лицата.
Ново на Сител
-
Комплетиран е играчкиот ростер на нашата женска сениорска репрезентација
-
Е. Пелистер на тешко гостување кај данскиот Скандерборг
-
Прво полуфинале на светското клупско првенство
-
Над 5000 жртви од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
-
МНР: Повредените деца од Македонија, заедно со целата експедиција се веќе во Анкара
-
Османи: Време е да се прекине циклусот на провокации меѓу Македонија и Бугарија, Липавски: Мора да се спроведат уставните измени
-
Судењето за несреќата кај Ласкарци повторно се одложи
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира на обвинувањата од ДКСК