Македонија
22. October 2019 - 13:37

Спасовски засега не размислува за функцијата технички премиер

Има уште многу до парламентарните избори, кога ќе дојде време премиерот Заев ќе одлучи кој ќе биде технички премиер. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како одговор на шпекулациите дека токму тој ќе ја преземе функцијата шеф на владата согласно со Пржинскиот договор.

Спасовски посочи дека сега е насочен комплетно кон обврските во Министерството за внатрешни работи и не размислува за функцијата технички премиер.

Министерот Спасовски заедно со својот косовски колега денеска присуствуваше на оперативно показната вежба "Плен" во полицискиот центар во Ѓорче Петров, по што беше потпишан и протокол за соработка во областа меѓу двете држави.

 

Горан Симоновски