-->
-->
Спасовски во Доха: Интензивирање на безбедносната соработка со Катар
-->
- Интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка биле тема на денешната средба во Доха на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со неговото височество Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Државата Катар.
- Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба беше потпишано и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу македонското и катарското МВР. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Државата Катар кој функионира на високо професионално ниво, се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството посочуваат дека ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка, особено, како што велат, поради тоа што по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха е зголемен бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, но и имајќи ги предвид во глобалните безбедносни ризици и предизвици.
За време на престојот, министерот Спасовски и соработниците ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам, и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари