Спасовски ја презеде функцијата министер за внатрешни работи
Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го презеде кабинетот од Агим Нухиу кој беше технички министер за внатрешни работи од декември минатата година.
Спасовски оваа функција ја вршеше и од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 година во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори.
На 2 септември 2016 година тој повторно беше избран за министер за внатрешни работи и оваа функција ја извршуваше до 28 декември 2016 година, кога Државната изборна комисија ги соопшти конечните резутлати од одржаните Предвремени парламентарни избори 2016.
Во периодот од 2006 до 2008 и од 2011 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење